Украинските напади со дронови го нарушија авионскиот сообраќај во Русија
Украинските напади со дронови ширум Русија предизвикаа и затворање на аеродромите во Москва и во околните региони.
Привремено се суспендирани летовите на московските аеродроми Домодедово, Внуково и Жуковски, како и на аеродромите во Нижњи Новгород, Киров, Јарослављ, Казањ и други градови.
Во Сибир транспортните власти соопштија дека повеќе од 4.000 патници се заглавени на аеродромите во десет градови.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека противвоздушната одбрана во вторникот вечерта уништила осум дронови, а утрово биле соборени уште девет беспилотни летала.