Јунајтед би можел да се раздели со Онана на лето

 

Манчестер Јунајтед на лето најверојатно ќе се раздели со Андре Онана, откако има за него интерес од Саудиска Арабија. Интересно е што и стартниот голман на Манчестер Сити, Едерсон, се подготвува да се упати кон истата дестинација.

Така градските ривали во истиот преоден рок ќе мора да привлечат нови голмани, а нивните менаџери Рубен Аморим и Пеп Гвардиола насочија кон идентични играчи за оваа позиција.

Според „Сан“, двата тима на своите списоци го имаат голманот на Антверпен, Сент Ламенс, кој има само 22 години. За него се заинтересирани и Њукасл и Вест Хем, а неговата цена е околу 30 милиони фунти.

Другото име кое се споменува е 23-годишниот голман на Лил, Лука Шевалие, чија цена е нешто повисока – околу 40 милиони.

Онана направи неколку прилично сериозни грешки оваа сезона, но се истакна и со некои извонредни одбрани. Иако голманската позиција досега не се сметаше за приоритет во летната селекција, доколку се конкретизира интересот на Саудиска Арабија за Онана, Аморим веднаш ќе ја искористи можноста да го замени својот број 1.

Back to top button
Close