Унгарија го повика на разговор украинскиот амбасадор поради „навредливите коментари“ од Киев

Унгарското Министерство за надворешни работи денеска го повика украинскиот амбасадор на разговор поради „навредливите коментари“ од Киев за ставот на Будимпешта за руската инвазија.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто истакна дека Унгарија ја осуди руската инвазија, го признава суверенитетот на Украина и примила стотици илјади бегалци.

– Време е украинските лидери да престанат да ја навредуваат Унгарија и да ја признаат волјата на унгарскиот народ. Ова не е наша војна и затоа сакаме да останеме и ќе останеме надвор од неа, истакна Сијарто.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан стравува од влијанието на Русија и дека ќе мора да избира помеѓу Москва и „другиот свет“

Back to top button
Close