Унија на ЗМСТАС: Постигнат договор со синдикатот за изнаоѓање решение за медицинските сестри со непризнаеното високо образование

–  Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ денеска соопшти дека е постигнат договор со Гранковиот синдикат за изноѓање решение за медицинските сестри со непризнаено високо образование.

На вчерашниот состанок на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ со претставниците на иницијативата на медицински сестри со непризнаено високо образование и претседателот на Гранковиот синдикат Љубиша Каранфиловски бил направен првиот чекор кон решавање на овој проблем.

-Средбата резултираше со постигнување договор со Гранковиот синдикат за понатамошно водење на овој случај и изнесување на соодветно барање пред надлежните. Унијата во соработка со координаторите низ нашата земја ќе ги евидентира сите медицински сестри кои се со непризнаено високо образование, а по сублимирањето на бројките синдикатот ќе договори средба со Фондот за здравство и Министерството за здравство, за да се оформи предлог решение. Министерството за здравство исто така веќе од денеска, ќе започне со евидентирање на медицинските сестри со непризнаено високо образование испраќајќи барање за пребројување во институциите ширум земјата, стои во соопштението.

Според претседателката на Унијата, сестра Гордана Бешлиовска, непризнаеното високо обарзование  на сестрите е еден мал сегмент од нерешените статуси со кои се среќава нивната професија, а решение е да се донесе закон за сестринство.

-И покрај бурниот период поврзан со ковид пандемијата во кој се наоѓа нашата професија, сепак решивме да организираме состанок, пред се, поради итноста и зголеменото незадоволство кај медицинските сестри. Многу пати Унијата апелираше до надлежните за овој проблем, но се чини дека со зголемувањето на обврските, со недостатокот на кадар и со согорувањето на работното место апсолутно сме дојдени до максималната точка на издржливост и иницијативата која ја поттикнуваат медицинските сестри со непризнаено високо образование е навистина оправдана. Ова е еден мал сегмент од нерешените статуси со кои се среќава нашата професија, но се додека не го донесат законот за сестринство, ние мораме вака, да ги решаваме проблемите поединечно, вели во пишана изјава претседателот на Унијата, сестра Гордана Бешлиовска.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close