Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапуваат тим од адвокати. Негов прв избор односно прво барање бил адвокатот Тони Менкиноски. Втор на листата е адвокатот Јовица Страшевски, дознава „Слободен печат“. Но, ниту Менкиновски ниту Страшевски немаат добиено официјално барање да бидат правни застапници на Палевски. И двајцата запрашани дали би се нафатиле да го застапуваат Палевски, дадоа неодредени одговори односно не сакаа да прејудицираат за сопствената одлука.

Менкиновски кратко за „Слободен печат“ рече дека е „службено отсутен“ така што не би бил во можност да го застапува Палевски. Но, дали ова ќе се оствари ќе покаже времето.

-Според мои неофицијални сознанија Палевски побарал тим од адвокати но јас немам добиено официјално никакво барање, рече тој.

Страшевски пак истакна дека ќе размисли доколку му биде понудено да биде адвокат на Палевски. Кратко рече дека се познаваат.

Повеќе

Back to top button
Close