Управен суд не ја уважи одлуката за ДКСК против Академијата за судии и обвинители

Управниот суд доцна синоќа соопшти дека ја уважил тужбата од Академија зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев” против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата.

Според ДКСК Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати.

Судот ја поништил одлуката на ДКСК и го вратил предметот на повторно одлучување.

Претставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

Таа се обрати пред судскиот совет за да ги аргументира причините поради кои се обратила до антикорупционерите.

Според Силјановска Давкова, Академијата за судии го прекршува Изборниот законик со тоа што во моментов води постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Инаку, ДКСК едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој синоќа се произнесе за предметот.

 

Back to top button
Close