Уште две здравствени установи добија директори –  Синиша Стојаноски во ГОБ „8 Септември“, Марија Андоновска во ИЈЗ

Уште две здравствени установи добија нови директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“, доаѓа доктор Синиша Стојаноски.

Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието.

Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Таа работи на Уни­вер­зи­тет­ски­от сто­ма­то­ло­шки кли­нич­ки цен­тар во Скопје и е асистентка на Катедрата за болести за забите и ендодонтот.

Андоновска била пратеничка во македонскиот парламент, а во моментот е советник во Советот на Град Скопје.

Се очекува следната недела директорските промени да продолжат и во другите здравствени установи.

Back to top button
Close