Уште еден фемицид: Со секира и нож ја убил сопругата и избегал

Убиство во Гостивар. Сопруг е осомничен дека со нож и секира ја усмртил неговата 60-годишна жена. Осомничениот по извршеното кривично дело се дал во бегство и во моментов е недостапен на органите на прогонот. Жртвата со осомничениот имала нарушени односи.

Веста за убиството во гостиварската населба Бањешница денес ги потресе жителите на Гостивар.

Според првичните сознанија кои ги пренесе Телма осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож и нанел повеќе убодни рани по телото. Случајот во СВР Тетово го пријавил синот.

Back to top button
Close