Усвоени измените на Законот за рестриктивни мерки, тие што ќе се најдат на црната американска листа да не можат да вршат јавна функција

Со предлог-законот за рестриктивни мерки на МНР, во изменета форма, што министрите го одобрија на владина седница и го пратија на одлучување во парламентот, се предвидува лице што е на „црна листа“ на властите на САД и Обединетото Кралство да не може да се кандидира ниту да извршува јавна функција, а тоа или правното лице, нема да може ниту да учествува на тендери.

Со измените на Законот за рестриктивни мерки се прошируваат целите на Законот и се додава и „борба против корупцијата, злоупотребата на службената должност и хибридните закани врз државата“, а се проширува основот со додавање на правните акти на САД и Обединетото Кралство и се прошируваат инструментите со две привремени мерки за обезбедување – забрана за кандидирање и вршење на јавна функција и учество во јавни набавки за правни лица

Back to top button
Close