Утре собранието на Косово треба да гласа за нова влада

Утре Собранието на Косово ќе одржи седница на која се очекува да се гласа за новата влада предводена од кандидатот за премиер Авдулах Хоти од Демократскиот Сојуз на Косово.

Според новинската агенција ,, Косова пресс,, раководството на Собранието веке одлучило седницата да се одрѓи во 11 часот. Шефот на пратеничката група на ДСК Арбен Гаши за истиот извор наведува дека ,,Утре сигурно Косово ке добие нова влада ,,. Раководството на Демократскиот Сојуз на Косово денеска веке ги има одредено и кандидатите за министри , соопштија косовските медиуми кои нагласуваат дела лидерот на ДСК Иса Мустафа е сигурн дека го има потребното мнозинство за да се изгласа новата влада . Притоа се наведува дека за новата влада ке гласаат и пратениците на Српската листа во косовоското собрание .

Од друга страна движењето Самоопределување на премиерот во фуниција Албин Курти, денеска продолжи да собира потписи за петицијата со која се бара предвремени избори а не состав на нова влада на Косово. Курти и денеска ги повика неговите приврзаници да се спротивстава на формирањето на нова влада со поптис на петницијата за предвремени избори во Косово.

Косовските медиуми меѓу другото нагласуваат дека и покрај најавите на ДСК дека имаат за утре потребно мнозинство за гласање на новата влада предводена од Хоти , оваа партија сепак има проблеми со мнозинството за изгласување на владата . Притоа се тврди дека Мустафа од ДСК нема обезбедено потребно мнозинство и денеска имал додатни преговори со дел од партиите кои имаат пратеници во Собранието .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close