Утрото студено, преку денот променливо облачно
Времето денеска – утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.
![Skopje](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250210164517_big_730x400_20.webp)
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Од УХМР информираат дека до среда времето ќе се задржи стабилно и студено особено наутро, потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст.
Утре попладне на југозападот ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег на пониските места од дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места