Јужна Кореја нареди итни безбедносни проверки по падот на авионот во кој загинаа 179 лица
Привремениот претседател на Јужна Кореја нареди итна безбедносна проверка на сите операции на авиокомпанијата „Џеџу ер“ во земјата, додека властите планираат посебна проверка на сите авиони „Боинг 737-800“. Проверката доаѓа откако вчера авион слета без тркала, се излизга од пистата и се запали откако удри во ѕид на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја . Во несреќата загинаа 179 лица, а само двајца преживеаа.
Чои Санг-мок, кој беше назначен за вршител на должноста претседател два дена пред катастрофата, рече дека исцрпната инспекција е од суштинско значење за ремонт на системот за воздухопловна безбедност.
„Главниот приоритет засега е да се идентификуваат жртвите, да се поддржат нивните семејства и да се лекуваат двајцата преживеани, за што не треба да се штедат расположливите средства“рече Чои на состанокот за справување со катастрофи во Сеул.
Тој побара од официјалните лица транспарентно да го објават процесот на истрага за несреќата и веднаш да ги известат семејствата на ужалените.
„Дури и пред да бидат објавени конечните резултати, бараме од официјалните лица транспарентно да го објават процесот на истрага за несреќата и веднаш да ги известат семејствата на ужалените“,рече тој.
Владата соопшти дека ќе изврши ревизија на сите 101 авион.
„Се бара Министерството за транспорт да изврши итна безбедносна проверка на целиот оперативен систем на воздухопловот за да се спречи повторување на воздухопловни несреќи“додава тој.
Најмладиот патник на кобниот лет на „Боинг 787-300“ кој излета од пистата на јужнокорејскиот аеродром Муан имал само три години. Најстариот патник, пак, имал 78 години, додека останатите биле претежно средовечни патници, главно од јужнокорејска националност. Двајца патници биле од Тајланд.
Поради оваа трагедија властите на Јужна Кореја прогласија седумдневна жалост во провинцијата Џеола.
Ова е најтешката несреќа во која учествувала јужнокорејска авиокомпанија од 1997 година, кога се урна авион на „Кореан ер“ во Гуам, при што загинаа повеќе од 200 луѓе, покажуваат податоците на Министерството за транспорт.