Јужна Кореја пренасочува дел од резервите на природен гас кон Европа

Јужнокорејската Влада одлучи да пренасочи дел од сопствените резерви на течен природен гас кон Европа поради недостигот на енергија како последица од ситуацијата во Украина, објави ТВ каналот КБС.

Министерството за трговија, индустрија и енергетика вчера одлучи дека јужнокорејските власти можат да си дозволат да обезбедат таква услуга за Европа, бидејќи зимата е завршена. Министерството соопшти дека обемот на испораките ќе биде таков што нема да влијае на домашната побарувачка и цените на гасот. Сепак, Сеул не прецизираше кога и во колкаво количество ќе бидат испорачани енергетските ресурси.

Новинската агенција Јонхап цитира извор, според кој од Јужна Кореја веројатно била побарана таква помош од страна на Европа или од САД. Слично барање од Вашингтон беше одбиено од Сеул во февруари.

 

 

Back to top button
Close