Јужнокорејски активисти испратија балони со пропагандни летоци до Северна Кореја

Активисти од групата што ги собира севернокорејските граѓани кои пребегнаа во Јужна Кореја објавија дека денеска преку границата испратиле околу 10 големи пластични балони со пропагандни летоци против севернокорејскиот режим.

Шефот на групата „Борци за слободна Северна Кореја“ (ФФНК) Парк Санг-хак изјави дека балоните биле испратени од градот Почеон, северно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул и содржеле 200 000 флаери со кои се критикува севернокорејскиот режим, како и УСБ-стикови со поп музика, објави агенцијата Јонхап

Back to top button
Close