Узунов: Не само притисоците, туку и поскапувањето на цените на производите доведоа до покачување на минималната плата

 

Покачувањето на минималната плата не е само поради притисоците од синдикатите, туку и поради новите поскапувања на многу производи, истакна универзитетскиот професор Ванчо Узунов во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Узунов истакна и дека покачувањето на платите не треба да биде под 57 отсто од просечната плата, како и тоа дека се потребни и реформи во квалитетот на работната сила.

„Освен што е цена на трудот, минималната плата е социјална категорија за голем број семејства. Покачувањето на платите не треба да биде под 57 отсто од просечната плата, а треба и да се корегира 50 отсто од порастот на минималната со порастот на просечната плата и со 50 отсто од растот на инфлацијата. Исто така потребни се реформи за подобрување на квалитетот на работната сила“,нагласи Узунов.

Back to top button
Close