В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување

Во врска со самоволната изјава од вработената Тина Мицковска со која изјавува, цитирам ,,Иако АХВ уредно по закон и по проткол известиле и пратиле допис до ЗОО Скопје уште претходниот ден што ќе се случува, ние најголемиот дел вработени не бевме информирани”. Оваа нејзина изјава е целосно невистинита, а со истата свесно, со намера ја дезинформира јавноста, свесно ги вознемирува граѓаните, создава чувство на страв и паника, но и истата изјава е целосно лажна што претставува кривично
дело.

Имено до ЈУ Зоолошка Градина Скопје не е доставен никаков налог, ниту известување од страна на АХВ на 19ти Октомври ниту претходниот ден 18ти Октомври. Напротив АХВ без налог, без известување, без присуство на овластено лице, врши наcилен упад во ЈУ Зоолошка градина Скопје и врши масакр на здрави, украсни птици за кои не е утврдено присуство на птичји грип.

Зоран Попов
В. Д. Директор на ЈУ Зоолошка градина Скопје

Back to top button
Close