Vaccine Diplomacy

Нам дипломатски сервис всушност не ни e потребен. А сакаме да ја шириме дипломатската мрежа, наместо да ја кондензираме. Познато е и зошто тоа не го правиме. Сигурно не да ја афирмираме државата и да биде од полза за нашите граѓани. Како и секогаш потребно е образложение. Ево го во 3Д техника.

Декадентниот дипломатски клуб апологетски формиран и составен, пред две години организираше прослава на 50 години македонската дипломатија. Неаргументирано.Поранешниот Уред за односи со странство, а потоа Републички секретаријат за односи со странство не беа автономни институцији за надворешна политика на тогашната ни држава. Нивните компетенции беа незабележителни. Информацији кои ги добиваа од ССИП од Белград беа дозирани. Кадровите беа етнички неизбалансирани. Пред распадот на Југославија во наведениот Секретаријат имаше само еден дипломат, Албанец. Останатите дипломаски кадрови беа водњански врски. Квалитетот го покажува фактот што ниту Републичкиот секретар за односи со странство не можеше да биде амбасадор, а да не зборуваме за замениците, помошниците и поситните чиновници. Тие што се обидеа, од патриотски мотиви, а безбедоносно недораснати, да дојдат до некои информации, беа протерани од државата на приемот. Од тој Секретаријат никој не стана амбасадор, дури беше тешко да добијат место на втор човек во амбасадите, а чиновниците се задоволуваа со пониски места во конзулаие и амбасадите во кои никој не сакаше да оди. Нашите политички амбасадори, воглавном ги испраќаа во Африка.

Најквалитетниот дипломатски потенцијал од Белград не се врати во РМ. Најпознатиот беше непожелен поради супериорноста во областа на надворешнта политика и реалните врски и углед што го имаше на меѓународен план. Останатите шиканирани од нашата власт останаа во Белград. А имаше и дисиденти, од кои најпознат е несудениот ГС на ООН, кој не само што не врати во Скопје, од каде по клуч е пратен за Белград, туку после фијаското во Париз, молеше, “Таму кај што треба”, да се врати. Местото во Бон му беше чувано, од еден партиски дипломата. После тоа следи фасцинација на дипломатскиот камелеон.

Вратениот македноски дипломатски кадар беше професионално хетероген. Минорните дипломати се вклопија во просечноста на домашните дипломати, а афирмираните од Белград, беа примени со резерва, односно со нескриена доза на анимозитет. Познато е и зошто.

Првиот МНР на независна РМ е избран во водњанската ладовина во ликот на “наше дете” , омилен вокабулар , на новодојдениот жител на Водно, кој доминираше во надворешната политика со присобрани дипломатски епизодисти. Така почна и ништо не се промени до денес.

Посебно не дипломатскиот кастинг. Првиот МНР требаше да биде афирмиран дипломата од РМ на висока позиција во југословенската дипломатија. А имавме таков. Не го прифативме. Зошто, не е тешко да погодите.

Македонската дипломатија нема своја школа. Додека беше Секретаријат немаа од кого да учат. Кога се осамосталивме наликувавме на српските генерали кои по ослободувањето сите се оженија со белградските буржоаски балерини. Желни за афирмација, искомплесираните домашни дипломати, со семејно стекнати добри стартни позиции ги зазедоа клучните места. Дури и еден пресклипинг дипломат стана амбасадор. И останатите избори за амбасадори беа по ист терк, само што сега мораше да се води сметка, покрај партиската книшка и за етничка припадност. И тука се претера. Денес со македонската дипломатија на двете први места (МНР и ЗМНР) се од една национална припадност. Политичките компромиси кои се прават, само нанесуваат штета на македонската дипломатија, која и онака нема некоја репутација.

Македонските ДКП се формираа стихијно. Тоа се прави и сега. Тоа важи за амбасадите, конзулатите па и за компромитираната категорија на ткн. почесни конзули. Дипломатските скандали тешко да ги наброиме. Проблем е што во последно време, тие не се предизвикани единствено, или пред се од невнимателноста на дипломатите, туку воглавно од партиски паралерната дипломатија. Последен пример посетата на МНР Османи на Мадрид и средбата со министерката со која можеше да се сретна во Брисел на министерскиот состанок на НАТО,еден ден подоцна. Впрочем кога веќе беше на Пиринејскиот полустров, можеше да претрчи до Лисабон. Поранешниот МНР Димитров, таква можност никогаш не би ја пропуштил, од повеќе причини. Или лајкот на вицепремиерот Димитров, на твитерот на контраверзниот Пацоли (” Nikola, you do not tolerate isolation rutern quickly to where you daily life is.I want you to come back to us as soon as possibile”).Не ви е тешко да погодите по кој настан е дадена изјавата.

Македонската дипломатија не работи по инструкции. Дури ни ткн. амбасадори не добиваат инструкции за стратешки работи, а не за тривијални, по резонот на владата кога, какво е прашањето на заштита на животите на своите граѓани. Конечно да се вратам на насловот од колумната и да му се извинам на хрватскиот премиер што го позајмив неговиот термин, лансиран кон крајот на минатата година. Во процесот на ефикасна набавка на вакцините кај нас , покрај останатите институции, затаи и дипломатијата, односно амбасадорите. Тврдам дека нашите амбасади не можат да реализираат било каква наша дипломатска акција. Во периодот од 1993 до 2019, на агендата на нашиоте ДКП никогаш не беше централно прашање промена на името. И на примерот со набавка на вакцините се покажа дека амбасадорите не ја знаат својата функција. Тие одработуваат мандат. Се враќаат дома и доколку биле лојални на мандаринитете чекат пофторно да се отиснат на печалба. Во петте најголеми глобални производители на лекови, фармацеутски материјали и опрема, САД, Русија, Кина, Индија и Бразил, немаме амбасадори, односно имаме некадарни вршители на работите. Една таква вo Пекинг, очигледно не го известила својот шеф (Османи) дека примила некаква инструкција за набавка на вакцини. Тоа значи дека коресподенцијата на другиот ресорен министер Филипче, одела директно со амбасадата, а за тоа не знаел колегата од владиниот кабинет. Тоа е кохабитација? А последица е тражење спас на нашите граѓани со одење по вакцини кај соседот, а истовремено првиот вице премиер Груби, истиот ден кога МНР е во Мадрид, изјавува дека ќе бара Шпанија да го признае Косово и дека нема да изостане нашата подршка на ниту еден меѓународен форум, што е неубедливо објаснето од Заев, а и од самиот МНР. Тоа не се книжи како добрососедски потез спрема давателот на вакцини и вакцинација.

Води ли некој сметка за нашите масовно инфицирани дипломати во државата, а и за нашите ткн. дипломати надвор?. Амбасадорите во оваа пандемија очигледно не ги напуштаат одаите на резиденциите. Шоферите ги снабдуваат амбасадорките и децата развезуваат на училишта , додека амбасадорите седат дома и на интернет порталите следат ситуација, од аспект дали им се приближува крајот на мандатот. Користат и социјални мрежи, да ја запознаат нашата јавност со нивните активности, кои инаку се незабележителни. Најревносна е една дама од Ватикан, која веројатно секој ден се моли на Свевишниот библиската земја да ја спаси. А дали побарала помош за вакцините?

Погрешно е образложрнието дека ЕУ ни е виновна. Зошто имаме во Брисел три амбасадори (билатерален, Мисијата ЕУ и мисијата НАТО). Нашите војници се дел од НАТО. Нивната здравствена состојба е секако интерес и на НАТО. Каде се информациите на нашите амбасадори не само од Брисел, туку и од останатите споменати дипломатски центри, за намерите на ЕУ околу дистрибуција на вакцините. Зошто ги одбивме руските вакцини, а со кинеските влеговме во офсајд, па судијата го поништи голот. Малите држави (Чиле,Филипини,Србија, да не го споменуваме Израел) покажаа дека инвентивноста на амбасадорите даваат резултати. За две години кај нас во соседство со Словенија и Хрватска ќе се одржи европско првенство во ракомет, наш најтрофеен спорт. Уште сега тврдам дека нашата дипломатија нема со прст да мрдне за поголема посетоност и афирмација на балканската ракометна сила.

Нашите амбасадори покрај вакцините за ковид 19, би морале на свој трошок да дојдат во Скопје и да примат една вакцина против сличнте синтоми на страшната пошаст, а пред се против задреманост, заспаност, буновност и зарѓаност. Во таа прилика влијателниот Дипломатски клуб и пошироко реномираниот Совет на амбасадори, требаше да организираат во Академијата на науки научна конференција ( со сите безбедоносни протоколи) на тема “Vaccine Diplomacy”. Можеби сега е доцна. МНР мораше на време со циркуларни писма да даде прецизни инструкции на нашите амбасадори за нивното ангажирање околу набавка на вакцините. Ова конечно покажа дека нашите амбасадори немаат потребен респект и pass кај влијателните институции и персони во државите на приемот.

Ѓорѓи Мисајловски

Back to top button
Close