Вакцината на руски „Вектор“ не влијае на репродуктивната функција

Втората руска вакцина против Ковид-19, развиена од вирусолошко-биотехнолошки центар „Вектор“, не влијае на репродуктивната функција и ќе биде ефикасна и против мутирани форми на новиот коронавирус, изјави денеска Александар Рижиков, раководител на едно од одделенијата во тој центар.

Тој објасни дека пептидните вакцини, засновани на платформа слична на онаа на која се базира вакцината „Вектор“ против Ковид-19, биле тестирани на животни и оти е утврдено дека нема последици по репродуктивната функција.

Рижиков исто така посочи дека оваа вакцина предизвикува насочен имунолошки одговор и оти ќе биде ефикасна и против мутирани форми на вирусот.

Back to top button
Close