Валандовчани може да добијат до 2.000 денари ако го селектираат отпадот преку апликација за телефон

Граѓаните на Валандово ќе можат да го селектираат отпадот и да добиваат парични награди. Валандовчаните кои сакаат да селектираат отпад треба да се регистрираат преку мобилната апликација на ЈП Комунален сервис Валандово, која ја изработи Марио Томов, и ќе добиваат ќеси за пластика или хартија со бар кодови.

Преку апликацијата треба да ги скенираат кога ќе бидат полни,  за да бидат подигнати. Ако домаќинството правилно го селектира отпадот во ќесите, ќе добива по 35 поени, а оние кои ќе достават најмногу селектиран отпад може да добијат парични награди и до 2.000 денари.

повеќе

Back to top button
Close