Вандали ја опожарија и оштетија зградата на Медицинското училиште во Битола

За време на празничните неработни денови, на 11 април во 1 часот и 30 минути по полноќ бил извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се проширил и предизвикал оштетување на фасадата на задниот дел на објектот, пренесува битолскиот портал Апла.

-Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени се поголеми последици. Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите.

Остро го осудуваме овој чин на уништување на јавен имот и апелираме до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница. Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста.

Нема да толерираме вакви постапки, соопштија од Медицинското училиште во Битола

Back to top button
Close