Вашингтон испратил мистериозно летало во Украина

Вашингтон во рамки на новиот пакет воена помош за Украина испратил и мистериозно летало „Феникс Гоуст“, кој може да биде голем адут на Киев во војната против Русија.

Дроновите се покажале како покорисни од било кога во текот на руската инвазија во Украина, меѓутоа посебна мистерија е леталото кое стигнало од Вашингтон.

Тоа било дизајнирано специјално за украинските воени сили и нивните цели, а засега не се познати неговите способности и не се знае со што ќе биде наоружано.

„Мислиме дека технологијата која ја развиваме во голем број програми ќе биде од помош за Украина“, кажа висок функционер во Пентагон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close