Василев: Можно е до крајот на денот руската амбасадорка да го прогласи за „персона нон грата“

Можно е до крајот на денот бугарската Влада да излезе со заеднички став за барањето руската амбасадорка Елеонора Митрофанова да се прогласи за „персона нон грата“, изјави вицепремиерот Асен Василев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата Демократска Бугарија побара руската амбасадорка да Митрофанова да биде протерана од Бугарија.

Во декларацијата на Демократска Бугарија се осудува масакрот врз цивилите од страна на Русија и се апелира Бугарија да се вклучи посилно во отпорот на цивилизираниот свет против руската агресија врз Украина.

Back to top button
Close