Вечерва пороен дожд, грмежи и силен ветер

Во 14 часот биле измерени 8 степени на Попова Шапка, 12 во Лазарополе, 14 во Маврови Анови, 15 во Крушево, 16 во Охрид, Берово, 18 во Крива Паланка, 19 во Демир Капија, Тетово, Виница, 20 степени во Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци, 21 во Битола, Гевгелија, Велес, 22 во Скопје-Зајчев Рид, 24 во Скопје-Петровец.

Денеска ,ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше умерен, на повеќе места засилен ветер од јужен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 65 km/h.

До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта.

Наместа врнежите ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Back to top button
Close