Велика Британија утре добива нов премиер

По три месеци кампања околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по неколку месечните скандали.
Според анкетите фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.
Утре во 12 часот и 30 минути по локално време ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.
Во вторник британската кралица Елизабета Втора во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именнува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија.
Претходно Џонсон ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада. Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон и ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“ и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада.
Првата седница на новата британската влада ќе биде на 7 септември.
За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери