Велшкиот селектор задоволен од жрепката во квалификациите за СП2026

Селекторот на Велс, Крег Белами, ја оцени како добра денешната жрепка за квалификациите за пласман на Светското фудбалско првенство 2026 во кои неговата репрезентација ќе биде дел од група со Белгија, Македонија, Казахстан и Лихтенштајн.

 

„Да се добие Белгија е одлично; Живеев во Брисел три години, така што е убаво. Тоа е тим кој многу добро го познавам, тим кој го гледав доста, особено во последните пет, шест години. Македонија е поинаков предизвик, Казахстан никогаш не сме го извлекле, така што патувањето и она што ќе го носи ќе бидат многу различни, Лихтенштајн … Среќен сум, морам да бидам искрен, тоа е добра група“, изјави Белами за британските медиуми.

 

Мундијалските квалификации ќе стартуваат во март идната година.

 

Пласман на мундијалскиот турнир ќе обезбедат победниците во 12 квалификациски групи, а второпласираните селекции ќе играат во плејоф за преостанатите четири места

Back to top button
Close