(ВИДЕО) „Ајде, луѓе помогнете“ – градоначалникот на Пласница бара од жителите да се вклучат во гаснење на пожарот
Градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски, на социјалните мрежи сподели видео во кое покажува како мештаните сами се обидуват да го изгаснат пожарот. Тој апелира до сите што можат да дојдат да спречат пожарот да се прошири кон куќите.
Во видеото што го објави Јаоски се гледа како им дава инструкции на мештаните како да го изгаснат пожарот и како да внимаваат.
„Викни ги комшиите да се приберат. Чувајте ја водата. Не ја трошете бадијала“,
вели тој.
На видеото што го објави на Фејсбук се гледа како предупредувачки реагира кон едно дете што им помага на сограѓаните да го изгаснат пожарот.
„Земи го детето од тука. Мали дојди тука, дете дојди кај мене, дојди ваму. Знам дека ти сакаш да помогнеш, сакаш херој да бидеш, ама ти си мал, дојди ваму – оди во долната страна кај децата“,
му вели Јаоски на детето.
Јаоски им се заблагодарува на сограѓните што помагаат да се изгаси пожарот во околината на селото Пласница.
„Им благодарам на моите сограѓани коишто навистина со големо задоволство помогнаа да го локализираме овој пожар“,
се слуша Јаоски во видеото