Видео: Александра Радовиќ со поддршка за филмовите за Тоше Проески
Александра Радовиќ во најновото интервју за македонски медиум за првпат дозна дека нашата Влада и МРТВ подготвуваат проект во кој се вклучени серија, филм и документарец за македонската музичка поп икона Тоше Проески. Tаа за оваа вест беше изненадена и даде голема поддршка за Македонската Радио Телевизија и Влада на Македонија, но и истакна дека оваа вест има големо регионално значење.
Во интервјуто ја спомна и нејзината поврзаност со Тоше и откри за првпат во јавноста приватни детали од искуство во кое Тоше пеел нејзина песна. Воедно се потсети и на проектот на РТС во кој таа со свои колеги од регионот учествуваше во пеење на неговите најголеми хитови кои и до ден денес оставија траен белег на музичката сцена на Балканот со неговото непроценливо музичко дело.