ВИДЕО | Андоновиќ: Путин планира да и објави војна на Украина?

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 70-ти ден.
Русија синоќа изврши воздушни напади врз градот Лавов на западот на Украина, а дел од градот остана без струја, објави градоначалникот Андреј Садовиј, пренесува АП.

epa09889839 Russian President Vladimir Putin chairs a meeting on the situation in the oil and gas sector via a videoconference at the Novo-Ogaryovo state residence outside Moscow, Russia, 14 April 2022. EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / KREMLIN POOL / SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон вчера разговараа телефонски повеќе од два часа. Путин побара од претседателот на Франција да престане да испорачува оружје за Украина и го обвини Киев дека е несериозен во преговорите

Вооружените сили на Белорусија ненадејно започнаа воени вежби со цел да се тестира борбената готовност, Минск соопшти дека вежбите не претставуваат никаква закана за европската заедница во целина, а особено не за соседните земји.

Во меќувреме Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко интензивно се подготвуваат за за претстојниот состанок на лидерите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Во оваа организација која се смета дека е пандан на НАТО и се нарекува источна алијанса  е составена од шест постсоветски држави, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан. додека пак Србија има статус на набљудувач во организацијата.

Дали овој воен сојуз може да се вклучи во војната во Украина, останува да се види, но дека актуелната ситуација во околностите кога Русија продолжува да спроведува „специјална воена операција во Украина“ сигурно ќе биде високо на агендата на оваа организација.

Останува и да се види во која насока би можело да се одвива руската спецјална операција во Украина. Во јавноста вчера излегоа информации дека рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата на Украина на 9 мај, кога Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

Имено , унгарскиот премиер Виктор Орбан кој се смета за политички близок пријател со Путин вчера изјавил дека
Русите имаат план, да ја убрзаат операцијата до 9 мај.

Тоа би ја објаснило и стапката на ескалација деновиве. Не само во регионот на Донбас, туку и на Крим, Лавив и Одеса, со цел да се зазем главното црноморското пристаниште Украина,

Западните власти веруваат, како што претходно денеска објави Си-Ен-Ен, дека Путин би можел формално да и објави војна на Украина на 9 мај, што ќе му овозможи целосно да ги мобилизира резервните сили да регрутира нови регрути, но и да ги стави на располагање сите воени ресурси кои ги поседува. Тоа значи и нуклераните сили, но и ставање во функција на ОДКБ воениот сојуз, со кој ќе ги засили руските воени единици кои оперираат во Украина.

ВИДЕО НА ДЕНОТ 

Back to top button
Close