ВИДЕО| Андоновиќ: Започна финалната пресметка во Мариупол – Путин сака да прогласи голема победа пред воената парада на 9 мај

Фото : Твитер – Индустрискиот комплекс „Азовстал“ до Мариупол

Седумдесет и први ден од започнувањето на руската спецјална воена операција во Украина. Тешките борби во и околу градот Мариупол продолжуваат, а според украински претставници руските сили покренале сеопфатен напад врз челичарницата Азовстал во Мариупол.

Тие потврдија дека руските сили по повеќедневните напади навлегле на територијата на челичарницата Азовстал.

Командантот на полкот Азов, Денис Прокопенко изјави дека украинските сили веќе втор ден водат „тешки и крвави борби” во фабриката.

Од друга страна, Русија соопшти дека во овие напади започнала да користи и тешко оружје, тенкови, оклопни возила и „голем број пешадија“, а биле употребени и смртоносни термобарични ракети.

Украинскиот Генералштаб вчера соопшти дека ја изгубил комуникацијата со последните бранители на Мариупол кои се криеја во фабриката за челик Азовстал

руски војници EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Оваа вест беше потврдена откако се појави снимка на која, наводно, се гледа дека руските сили користат термобарични ракети за да го бомбардираат Азовстал додека тенковите и војниците се префрлаат во огромна индустриска зона. Термобаричното оружје го нарекуваат и „татко на сите бомби“, а неговата разорна моќ е застрашувачка – способно е да ги претвори телата во пареа! На снимката објавена од Доњецката Народна Република се гледаат линии на ракетна артилерија кои минуваат низ фабриките и магацините лоцирани во центарот на Мариупол и последните упоришта на опколените бранители на градот.

Русија се обидува да го преземе Азовстал и покрај тоа што Владимир Путин минатиот месец објави дека ја прекинал операцијата за да ги спаси животите на своите војници. Веста дека комуникацијата со бранителите е изгубена предизвикува стравувања за безбедноста на стотици цивили за кои се верува дека се внатре.

руски војници EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украина повеќе недели повикуваше на продолжување на прекинот на огнот за да можат да бидат евакуирани сите цивили, но Русија ги обвини украинските трупи дека го „користат “ прекинот на огнот за воспоставување нови одбранбени позиции.

Битката за Азовстал очигледно е влезена во финална фаза и се очекува нејзино скорешно осовојување. Победата пак, најверојатно ќе биде главниот адут на Путин пред престојната воена парада по повод денот на победата над фашизмот

Како мала утеха за воените операции на Украина е контранападот во околината на градот Карсон каде наводно Украинците успеале да преземат контрола врз населбите во близина на овој град.

Back to top button
Close