(Видео) Апокалиптични снимки од поплавите во Европа: Цел град под вода, починати и исчезнати, автомобил со деца го однесе поројот…
Со тешките и катастрофални поплави кои ја погодија Европа, се соочува и Полска. Пет лица загинаа како последица на поплавите, а во градот Ниса е пронајдено телото на хирург кој се враќал од работа.
Поради пукањето на браната во близина на границата меѓу Полска и Чешка, наредена е итна евакуација, а драматичните фотографии го обиколија светот.
За време на најголемата бура во последните години, огромни количини на вода зафатија цели градови во текот на викендот, вклучувајќи го и Јесеник, кој целосно исчезна под вода.
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека подготвил наредба за прогласување природна катастрофа.
Непрестајниот дожд доведе до поплави во областите во близина на границата со Чешка. Во мал град во Долна Шлезија цели улици беа под вода, а најмалку едно лице загина.
Градот Ниса беше особено погоден во неделата. Поплавите навлегле во одделот за итни случаи на локалната болница, според новинската агенција ПАП. Со гумени чамци се евакуирани вкупно 33 пациенти, меѓу кои и деца и една трудница.