(Видео) Четири жени и 13-годишно девојче убиени во одделни инциденти во Виена: уапсен маж од Авганистан

Три Азијки се пронајдени мртви во бордел во виенскиот кварт на црвените семафори. По телата имало смртоносни расекотини и убодни рани. За убиството е уапсен 27-годишен Авганистанец, Ебадула А.

Откако во текот на ноќта биле пронајдени телата на трите жени, утрото во стан на улицата Ердбергштрасе биле пронајдени телата на 51-годишна жена и нејзината 13-годишна ќерка.

Авганистанецот, кој побарал азил во Австрија во 2022 година, бил лишен од слобода како осомничен. Полицијата го забележала додека се криел во грмушките благодарение на термо камерите. Тој бил агресивен при апсењето но полицијата го совладала со тејзер.

Портпаролот на државната полициска управа, Филип Хаслингер, изјави дека осомничениот бил онеспособен со тејзер, соборен и приведен и дека прво бил пренесен во болница за да му се санираат повредите.

Според Хаслингер, мажот имал расекотини кои најверојатно си ги нанел при извршувањето на делото. Тој дури утринава бил префрлен во полиција, каде започнал распитот.

Како што се наведува, убиените имале големи расекотини и убодни рани, па кога лекарите од итната помош пристигнале на местото на настанот било јасно дека лекарската помош пристигнала предоцна. Злосторството се случило во неколку соби, секое тело било пронајдено во различна просторија. Фактот дека жртвите биле третирани крајно насилно се одразува и во тоа што нивниот идентитет се уште не е откриен.

Авганистанецот веројатно бил последниот посетител на борделот во квартот на црвените семафори бидејќи досега не е утврдено дека има сведоци на злосторството. Се уште не е јасно дали мажот ги користел услугите таму или само влегол и ги нападнал жените со нож.

Полицијата ја алармирал случаен минувач или сосед кој забележал трага од крв која се протега од влезот во локалот до спротивната страна на улицата.

Back to top button
Close