Видео – Цукерберг: Ни забрануваа да објавуваме содржини за несаканите ефекти од ковид вакцините

На поткастот на Џо Роган гостуваше Марк Цукерберг кој изјави дека администрацијата на Џо Бајден вршела притисок врз компанијата да отстрани одредени содржини поврзани со несаканите ефекти од ковид вакцините.

„Тие силно нè притискаа да ги отстраниме работите кои, искрено, беа вистинити“.

„На почетокот емпатизирав со нив (администрацијата на Бајден)…, но потоа информациите кои ги даваа почнаа бргу да се менуваат. Тие исто така се обидоа да цензурираат секој што оди против нивните ставови. Нѐ притиснаа и ни наредија дека мораме да тргнеме содржини што велат дека вакцините имаат несакани ефекти“, рече Цукерберг.

Тој не кажа кој точно од Белата куќа ги упатил тие барања, кажувајќи дека „не бил директно вклучен во овие разговори“.

Гостувањето се одвиваше само неколку денови по објавата на „Мета“ за менување на нивната политика за проверка на содржина.

„Бев многу загрижен уште од почетокот за станување на еден вид одлучувач за она што е вистинито. Тоа е луда позиција да ја имаш ако имаш услуга што ја кориситат билиони луѓе. Се обидовме да направиме систем каде што ќе има проверувачи на факти“, додаде Цукерберг на поткастот зборувајќи општо за цензурта.

Новата стратегија на „Мета“ остава на корисниците да даваат коментари за вистинитоста на содржината, а не вработени проверувачи на факти. Со тоа, платформата станува слична на „Х“.

Сопственикот на „Х“, Илон Маск, е симпатизер на новиот американски претседател Доналд Трамп и беше еден од главните донатори на неговата кампања.

Некои се сомневаат дека менувањето на политиката на „Мета“ е уште еден начин Цукерберг да се приближи до Трамп. Минатата недела претседателот на глобални прашања во компанијата, Ник Клег, беше заменет со Џоел Каплан, поранешен член на Републиканската партија.

„Мета“ е и една од неколкуте големи технолошки компании кои објавија дека донирале 1 милион долари за инаугурацијата на Трамп. А Цукерберг рече дека е оптимистичен за новиот претседател.

„Она што ме прави оптимист за претседателот Трамп е тоа што мислам дека тој само сака Америка да победи“

 

Back to top button
Close