(ВИДЕО) Даниловски: Кластерот избори почува да ги дава првите изборни бројки на заразени со коронавирус
Кластерот избори почува да ги дава првите изборни бројки на заразени со коронавирус. Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од глава, вели во интервју за ТВ 24 епидемиологот, Драган Даниловски.
Според него, единствено носењето на маска од страна на сите може да помогне во стопирање на кризата со коронавирус. Целосен карантин според него не доаѓа во предвид, но ноќен полициски час мора да се воведе, поради неоговорноста на младите.
Даниловски смета дека градинките може да се отворат, но само и доколку граѓаните строго се придржуваат до меркита за заштита,тој ги повика и градоначалниците да преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.