(ВИДЕО) Драматична сцена во Казахстан: Маж киднапирал жена на аеродром и се заканил со бомба, но поранешен боксер успеал да го разоружи
На аеродромот во Алмати во Казахстан, вооружен маж (67) со нож киднапирал жена (21) која работела во обезбедувањето на аеродромот. Тој ја грабнал при проверка на идентификација на безбедносен пункт и се заканил дека ќе ја убие.
Поранешен боксер (52) успеал да му пријде на киднаперот и да му го одвлече вниманието пред брзо да реагира и да го разоружи, спречувајќи потенцијална трагедија. Напаѓачот, наводно се заканил дека ќе активира бомба додека ја држел младата жена како заложник, влечејќи ја за коса.
View this post on Instagram
Видеото од целиот инцидент е објавено е на профилот „fl360aero“ на Инстаграм.