Видео- Државниот врв положуваше цвеќе на Могилата на непобедените, ,Левица ,,чуваше” стража

Државните делегации мораа да ги заобиколуваат активистите на Левица за да стигнат до местото каде требаше да се положи цвеќе

Активисти облечени во маици со обележје на политичката партија Левица го „окупираа“ меморијалниот комплекс Могила на непобедените во Прилеп каде претпладнево се одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание.

Група од 11 лица застана пред споменикот и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.

На церемонијата во Прилеп, која заврши предмалку, свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски.

Back to top button
Close