Видео: Експлозија на плинска боца во Смедерево, расфрлани стакла низ целиот плоштад, делови од тела најдени на улица

Најмалку едно лице загина, а две се повредени во експлозија во зграда во центарот на Смедерево, неофицијално дознава РТС.
Експлозијата се слушнала и на периферијата на градот.
Експлозија се случила на четврти кат од зграда во центарот на градот, а три ката се кренати во воздух.
Скршени стакла биле расфрлани низ целиот плоштад, а делови од тела пронајдени на улица, јавуваат тамошните медиуми.
Службите за итна помош и пожарникарите се на терен.






