(ВИДЕО) Ердоган го нападна пчела, телохранителот веднаш реагираше

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган бил „нападнат“ од пчела додека држел запалив говор за израелско-палестинскиот конфликт во турскиот парламент.

Пчелата всушност слетала на грбот на турскиот претседател, a неговиот телохранител го забележал тоа и веднаш му пришол на Ердоган, отстранувајќи ја пчелата од неговиот грб. Потоа ја фрлил на подот и ја згазил.

За тоа време Ердоган со ниту еден гест не покажа дека е свесен што се случува зад него.

Се е снимено од камерата, додека на социјалната мрежа Х тоа видео се шири, со најразлични коментари.

Еден од нив е „Ајде да видиме колку време ќе му треба на Ердоган да каже дека се работело за обид за атентат врз него од страна на Израел“, бидејќи во тој говор тој жестоко ги нападна Израел, израелскиот премиер и бомбардирањето на цивилите во Појасот Газа.

Back to top button
Close