(ВИДЕО) ЕУ може да се прошири и пред 2030 година, вели француската министерка за Европа

 

„Сега сме 27 земји, а можеби ќе бидеме и повеќе од 35 најбрзо што може. Знам дека Шарл Мишел рече 2030 г., но дури можеби и порано. Но, она што ни треба е да се реформираме себеси. Но, и земјите кандидати да се реформираат“ – порача од Блед француската министерка за Европа, Лоренс Бун

Следното проширување на Европската Унија со нови земји членки може да се случи и пред 2030 година, а она што е потребно дотогаш е ЕУ да се реформира себеси, но реформи се потребни и кај земјите кандидатки.

Ова го изјави француската министерка за Европа, Лоренс Бун, на една од денешните панел-дискусии на Бледскиот стратешки форум.

Пораката на Бун е во контекст на процесот на реформи и прашањето за проширувањето на ЕУ и доаѓа еден ден по изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, од истиот настан во Блед, кој како одредница до кога ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување ја наведе 2030 година, но и ден по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, на годишниот состанок со француските амбасадори, кој рече дека Европската Унија треба да размисли за „Европа со повеќе брзини“ за да се справи со проширувањето.

Бун

„Сега сме 27 земји, а можеби ќе бидеме и повеќе од 35 најбрзо што може. Знам дека Шарл Мишел рече 2030 г., но дури можеби и порано. Но, она што ни треба е да се реформираме себеси. Но, и земјите кандидати да се реформираат. Можеби не го правевме тоа многу добро во минатото, можеби треба да сме повеќе инволвирани, да помагаме повеќе, да сме подинамични во процесот на проширување за да избегнеме замореност и да ги направиме придобивките од идното членство во ЕУ поопипливи за земјите кандидати. Мис

лам дека тоа се нашите задачи“,Францускиот претседател Макрон вчера не објасни како ќе функционира Европа со повеќе брзини, но рече оти е ризично „да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи“. Изјавата на Бун може да се толкува и како своевидно објаснување на ставот на Макрон.

Претседателот на Француската Република, Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra
„Можам да посведочам дека на Европа ѝ е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, рече Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори, пренесе „Дојче веле“.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во вчерашниот говор на самитот во Блед рече дека до 2030 година двете страни – ЕУ и земјите кандидатки – мора да бидат подготвени за ново проширување на Европската Унија, што беше поздравено со аплауз од присутните. Тој истакна дека ЕУ треба да ги зајакне врските со земјите кандидатки за да стане посилна и побезбедна и затоа, како што нагласи, сега е време да се справиме со предизв
икот на проширувањето.
рече Бун.

Back to top button
Close