ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА: Згради се тресат, паника во метрото – над 700 лица повредени во разорниот земјотрес во Тајван

Најмалку 77 луѓе се заробени под рушевините откако силен земјотрес го погоди источниот брег на Тајван, соопшти Националната агенција за пожари (НФА). Повеќе од 700 луѓе се повредени, според НФА.

Најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години се почувствувал сѐ до планинската внатрешност на островот, каде што предизвикал свлечишта. Снимките од главниот град Тајпеј покажуваат силни тресења на згради.

„Земјотресот се случи близу копното, на 18 километри од Хвалиен и на мала длабочина од 15,5 километри. Се почувствува низ целиот Тајван, како и на островите. Беше најсилен во последните 25 години“, изјави Ву Чиен Фу, директорот на Сеизмолошкиот центар на Тајван.

Националната противпожарна агенција претходно изјави дека три лица загинале во националниот парк Тароко, кој се наоѓа близу Хвалиен.

Back to top button
Close