Видео: Гавазова Бум БУМ Пештанци Дум Дум. Општа тепачка во целосен мрак средсело. Концертот прекинат,полицијата со батерии ги барала тепачите

Концертот на познатата македонска пејачка Сузана Гавазова, кој вечерва се одржуваше во охридското село Пештани по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, бил прекинат поради тепачка меѓу присутни лица.
Според информациите од терен, веднаш по започнувањето на физичката пресметка во селото дошло и до прекин на електричната енергија, па просторот каде што се одржувала веселбата останал во целосен мрак.
Во тие моменти, додека траела полициската интервенција, полицајците користеле електрични лампи на батерии за да го осветлат просторот и да можат непречено да ја спроведат интервенцијата.
Случајноста што тепачката и прекинот на електричната енергија се случиле практично во ист момент предизвика дополнителни реакции меѓу присутните, кои се прашуваат како е можно двете случувања да се совпаднат во ист момент.
Засега нема информации дали прекинот на струјата е на кој било начин поврзан со инцидентот, ниту пак е познато што точно го предизвикало прекинот.
Поради инцидентот, концертот бил целосно прекинат, а со тоа завршила и планираната програма.






