ФОТО: Гори светиниколско Немањици, пламените јазици зафатија неколку куќи, опасноста демне од повеќе страни од селото
Изгорени се неколку куќи во Светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух.
Во селото Немањици има околу 50 жители, но во него има и викендици.