(ВИДЕО) „Готов е“ – се скандира на улиците на Подгорица откако Милатовиќ го испрати Ѓукановиќ во политичка пензија


Црна Гора доби нов претседател. По 30 години во врвот на политиката, Мило Ѓукановиќ, убедливо изгуби во вториот круг од претседателските избори од 36-годишниот Јаков Милатовиќ.

Поддржувачите на Милатовиќ, кој беше кандидат на движењето „Европа сега“ на големо слават низ улиците во повеќе црногорски градови.

„Готов е“, се слушаат скандирања во Подгорица, а се пее и: „Летње кише хладне воде, Мило оде, Мило оде“.

Имаше и спектакуларни огномети, а поддржувачите слават и со факели.

Ѓукановиќ го призна поразот и му честиташе на Милатовиќ. Обраќање на новиот претседател, пак, се очекува околу 23 часот.

Back to top button
Close