(ВИДЕО) Град со големина на орев го погоди Охрид

Силно невреме нешто пред 12 часот го погоди Охрид.

Град со големина на орев ги разбрка туристите од плажите и летните тераси.

Невремето што траеше околу половина час ги испразни улиците низ градот.
Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.

Back to top button
Close