ВИДЕО Хаос во Софија, протест против бугарската фудбалска репрезентација – бомби, камења, шишиња…
Тепачки, повредени и уапсени на протестот против Бугарскиот фудбалски сојуз пред националниот стадион „Васил Левски“ во Софија.

Според bTV има четири повредени кои се во тешка состојба со повреди на главата. Меѓу повредените има и полицајци. Демонстрантите фрлаат бомби, камења и шишиња.
На раскрсницата од улицата „Гурко“ гори полициски автобус и канти за отпадоци. Запалените контејнери се гаснат со воден топ. На лице место има противпожарни возила и амбулантни возила.






