(ВИДЕО) Како плативме и за невеста од Косово, Гаши со службено возило оди по невеста, блокирал цел граничен премин!

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во Македонија, особено сега кога речиси никој не реагира на низата  испади на спикерот Африм Гаши, кој овојпат е уловен како оди на свадба со службеното возило.

Индекс објави видео на кое се гледа службениот автомобил на Африм Гаши во колона свадбарски возила, а во описот на видеото пишува „Африм Гаши со службен автомобил оди да ја земе невестата“.

Како што дознава Инфомакс, Гаши со службеното возило патувал надвор од државата, односно во Косово, каде со свадбарска колона бил по невестата, а за тие комотно да го поминат „Блаце“ целиот граничен премин бил блокиран.

Видеото е споделено пред околу еден час и засега нема реакција од официјалните лица кои би требало да спречат злоупотреба на државните возила.

Либертас се обиде да ја провери веста во партијата на председателот Гаши но немаме одговор дали веста пропратена со видео е вистинита .

Извор: Инфомакс

Линк до видеото

Back to top button
Close