(ВИДЕО) Кејт Мидлтон објави дека ракот е во ремисија: Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нашето семејство
„Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новата нормала“, вели таа во изјавата објавена на Инстаграм.
„Мојата искрена благодарност е до сите што тивко одеа покрај мене и Вилијам додека минавме низ сето ова“, продолжи таа.
„Не можевме да побараме повеќе. Грижата и советите што ги добивме за време на моето боледување беа исклучителни“.
Таа додаде дека се радува на исполнета година што претстои: „Има многу да се очекува. Ви благодариме на сите за континуираната поддршка“.
Истиот ден кога ја објави веста, Кејт ја посети болницата The Royal Marsden, каде што беше на лекување, за да им се заблагодари на членовите на персоналот кои и помогнаа. За време на посетата на одделот за дневен престој, Кејт го сподели своето искуство со хемотерапијата, објави британската агенција PA.
„Навистина е тешко. Тоа е вистински шок“, рече таа. „Сите ми рекоа да задржам позитивен начин на размислување бидејќи тоа прави голема разлика“. Таа разговараше и со Кетрин Филд, друга пациентка која прима хемотерапија во болницата. „Толку се приврзав за тоа“, рече таа, мислејќи на нејзината игла за терапија, шегувајќи се дека се двоумела кога и рекле: „Можеш да ја извадиш сега“.
„Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нашето семејство како што знаете, тоа може да се промени во еден момент, и моравме да најдеме начин да се справиме со бурните мориња и непознатите патеки.”
Таа учествуваше на неколку јавни настани од септември, вклучувајќи го и нејзиниот годишен концерт „Заедно на Божиќ“ со нејзиното семејство во декември.