(ВИДЕО) Костадиновски: Непримерна е изјавата на Мицкоски за тоа од кого сме бирани
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во „Клик Плус“ на ТВ21 ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој кажа дека овие уставни судии се бирани од минатата власт. Според Костадиновски, ваквите изјави на Мицкоски се непримерни.
„Непримерна е изјавата на премиерот за тоа кој ги бирал судиите, дека тоа можело да влијае, што исто така е непримерно. Судиите ги бира Собранието, еден, друг, трет состав, но тоа не значи дека може да влијае врз судиите. Имаат интегритет, дигнитет и никој не може да влијае врз нив“, рече Костадиновски.
Тој рече дека не се согласува со изјавата на премиерот дека „вчера ништо не се случи“.