ВИДЕО: Купила стара јакна, пронашла заборавен дневник на една несреќна љубов

Маја Зомер сподели лична приказна за необично откритие во кожна јакна купена во продавница за стари, користени, но добро сочувани производи.

@thinklessaboutmen

This might be the most special artifact I’ve ever thrifted. #1970s #1960s #timecapsule #vintage #heartbreak

♬ A Day in My Life – Soft boy

– Сè уште не можам да верувам што имам во моите раце. Оваа кожна јакна ја најдов во продавница за употребени работи. Совршено ми одговараше, па ја купив и си ја однесов дома, вели таа.

Дома ја прегледала јакната и џебовите биле полни со дребнулии, меѓу кои и мал, стар бележник – дневник на една несреќна љубов.

– На првата страница од овој мал дневник пишуваше: „Четврток, 11 ноември 1971 година“… Мојот сон е да ја знам историјата зад облеката. Тоа е како временска капсула од 1971 година и со секакви потресни записи во дневников од претходниот сопственик, продолжи наоѓачката.

„Помина една недела, а Дајан не ми се јавила, ниту ми прати СМС“, вели непознатиот маж, а во следниот запис вели: „Денеска ќе беше нашата деветта годишнина и 10 години заедно. Сам се опијанив“.

Маја во претходните записи открива и подробности од последните заеднички денови на двојката.

„Дајан и јас водевме љубов утрово. Ја однесов на појадок, а потоа на работа. Не знаев дека тоа ќе биде последниот пат што ќе ја видам“, пишува несреќното момче.

Видеото е прегледано 4,6 милиони пати.

Back to top button
Close