(Видео) Македонија со пораз од Австрија го започна Европското првенство

 

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го одигра својот прв натпревар на Европското првенство во Букурешт, а за противник ја имаа репрезентацијата на Австрија. Нашата репрезентација започа да испишува нова страна во репрезентативниот фудбал. Најпрво се изборија за пласман на едно големо европско репрезентативно натпреварување, а сега со сите сили ке се обидат да забележат што подобри резултати и да обезбедат место во следната фаза од ова натпреварување.

Популарниот Мрме на теренот излезе со најсилниот состав. Момците покажаа дека можат да се надигруваат со било кого и одиграа одлично прво полувреме.

Во 18. минута од натпреварот Лајнер го отвори резултатот и му донесе водство од 1:0 на својата репрезентација. Австријците ја искористија првата шанса која ја создадоа за водство.

 

Back to top button
Close