(Видео) Меркел до Заев и Борисов: Мора да се согласувате, тоа е многу важно

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска им се заблагодари на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов за успешната конференција во рамки на Берлинскиот процес, која се одржа во Софија и со која копретседаваа Северна Македонија и Бугарија.

Ова е доказ дека може да се организира конференција од две држави, од кои едната е членка, а другата сака да стане членка на ЕУ, рече Меркел, која се вклучи на конференцијата онлајн.
„Многу добро е што ни покажавте дека може да одржите конференција во овие тешки услови, можам да го поздравам напредокот што го постигнавте за формирањето заеднички пазар, како порака за нашите економии и воведување на четирите слободи и со тоа ќе се даде еден импулс во регионот. Ви честитам и за согласноста за зелената агенда. Ние сме заинтересирани да изградиме економија која е способна да овозможи за премин кон економија без јаглероден диоксид. Сите ние, настрана од ковид-19, ги сметаме климатските промени како крупно прашање и крупен предизвик, кои ќе бидат важни за земјите од Западен Балкан“, рече Меркел.
Во еден дел од своето обраќање, таа спомена дека Берлинскиот процес е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото и им порача:
„Не заборавајте, мора да се согласувате, тоа е многу важно“,

На крајот таа ги покани следното лето во Берлин каде што, како што рече, ќе се унапреди процесот.






